Скопје и Нирнберг забратимени четврт век
11 јуни 2007Реклама
Градот Скопје годинава слави два јубилеи - 40 години збратименост со градот Дрезден и 25 со градот Нирнберг. Скопскиот градоначалник, Трифун Костовњски, по тој повод во саботата на градоначалникот на Нирнберг лично му ја подари склуптурата на академик Томе Серафимовски “Човекови раце“. Истовремено, во Нирнберг се одвиваше и фестивалот на пивото, на кој свој штанд имаше и скопската пиварница.