Скок на еврото
28 април 2007Реклама
Европското заедничо платежно средство, еврото, по разочарувачките конјуктурни податоци од САД достигна ново рекордно ниво во однос на доларот. Едно евро синоќа достигна износ од долар и 3673 центи, што е највисока вредност досега. И во однос на јапонскиот јен еврото чини повеќе од било кога. Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо ова го смета за знак на силата на европската економија. Сличне став изнесе и германскиот министер за економија Михаел Глос.