Сите опции се на масата
19 април 2006Во моментов меѓутоа американската администрација се обидува да ги убеди Русија и Кина да се согласат за воведување санкции против Техеран . На вчерашните разговори во Москва меѓу претставниците на петте земји постојани членки на Советот за безбедност и Германија, дипломатите од Москва и Пекинг и натаму цврсто опстојуваа на ставот дека санкциите не се најдобрата мерка за надминување на спорот .
На тричасовните разговори во главниот град на Русија , присуствуваа дипломати од Русија , САД , Франција , Велика Британија Кина и Германија .
Портпаролот на Стејт Департментот Том Кејси по средбата изјави дека американскиот претставник во Москва се залагал за воведување на санкции кон Иран , но оти не успеал да ги убеди воите колеги од Москва и од Пекинг.
Тоа денеска го потврди и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров . „Не постигнавме заедничка одлука но не ни беше таква ниту намерата „ Според Лавров сите учесници на вчерашната средба се согласиле дека мора да се побараат најитни конструктивни мерки од страна на Иран , бидејќи Техеран ги преминал сите граници кои му ги поставила меѓународната заедница .
Во меѓувреме пак американскиот опретседател Џорџ Буш изјави дека ги разгледува сите опции , вклучително и воена со цел Иран да биде спречен да развива нуклеарно оружје:
Сите опции се на масата.Но ние сакаме да го решиме ова прашање со дипломатија и работиме напорно да го оствариме тоа – изјави Буш во Вашингтон . Советот за безбедност на ОН , побара од Иран до 28 април да запре со збогатувањето на ураниум , меѓутоа властите во техеран тврдоглаво продолжуваат со развој на оваа нуклеарна технологија .
Фолкер Пертес , експерт за Блискиот Исток во Фондацијата за Наука и Политика смета дека е потребна поинаква политика за да се принуди Иран да соработува со меѓународната заедница:
Потребна е двојна стратегија. Стратегија која од една страна вели: меѓународната заедница може да го изолира Иран доколку не соработува а од другастрана би велела: Ние сме подготвени за соработка , за една тесна и долгорочна соработка , доколку Техеран е подготвен да соработува“