1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сиромаштија на старост - закана за Европа

Ралф Бозен/ Жана Ацеска 4 јануари 2013

Безгрижни пензионерски живот за многумина во Европа станува се‘ понеизгледна цел. Демографската слика се менува на сметка на идните пензионери, а и финансиската криза во голема мера ги загрози социјалните системи.

https://p.dw.com/p/17EET
Фотографија: dapd

За голем број жители на земјите од северна Африка, кои се соочуваат со прогон и сиромаштија, Европа се чини како ветена земја. Илјадници луѓе секоја година без оглед на бројните опасности се обидуваат да стигнат до стариот континнет. На овие несреќници расправата дали на жителите на Европа им се заканува сиромаштво, веројатно им се чини апсурдна. Тоа и поради фактот што критериумите кои ја дефинираат сиромаштијата драстично се разликуваат, зависно од тоа од кој агол се гледа проблемот на сиромаштвото.

Но, факт е дека Европа се наоѓа во процес кој сигурно екстремно се разликува од приликите во Африка, но кој во седиштето на ЕУ сепак дава повод за аларм. Корените за заканувачкото осиромашување на постарите слоеви на општеството досега се бараа во демографските движења, односно во стареењето на општетсвото. Но, од неодамна и еврокризата се‘ почесто се споменува за клучен фактор во процесот кој може целосно да ја промени сликата на богати Европејци, кои во тертото доба од животот уживаат во плодовите од својата работа.

Во се‘ повеќе земји во ЕУ има се‘ помалку работоспособно население, поради староста, со истовремено зголемување наневработеноста. Последица е неминовно намалување на пензионерските примања.

Symbolbild Altersarmut Rentner in einer Suppenküche
Фотографија: picture-alliance/dpa

Во опасност е егзистенцијата

Поаѓајќи од податоците на ЕУ, секоја година бројот на граѓаните постари од 60 гоидни се зголемува за повеќе од два милиона. Бројот граѓани постари од 60 гоидни денес е двојно поголем од пред десет години.

Уште сега владите на членките од ЕУ трошат повеќе од 10 проценти од брутодомашниот производ на финансирање на пензиите, со тенденција на пораст. Моментно во Европа живеат околу 120 милиони пензионери, што е 24 проценти од вкупното население. До пред неколку години сликата на сиромашни пензионери не беше доведувана во врска со Германија или Велика Британија. Во меѓувреме на многумина во овие земји со последниот работен ден им се заканува не само пад на социјалниот стандард, туку во прашање се доведува и егзистенцијата.

„Врз основ на податоците за демографската структура, за старите во мнозинството европски држави може да се заклучи пораст на опасноста од сиромаштија“, мисли Михаел Даудерштет од фондацијата Фридрих Еберт.

Спасот е во приватни пензиски фондови?

Досегашните податоци покажуваат дека земјите како Португалија, Шпанија и Грција веќе се соочени со висока стапка на сиромаштија на постарите граѓани и тоа меѓу 20 и 27 проценти. Сегашните програми за штедење можат дополнително да ја зголемат стапката. Во Грција веќе постои тренд на намалување на пензиите. Истражувањето на фондацијата Фридрих Еберт покажува - од сиромаштво во трето доба не страдаат само оние во земјите зафатени од финансиска криза, туку и држави како Велика Британија. Таму ситуацијата е специфична, зашто уделот на државната пензија во вкупната пензија е релативно низок. Многумина се потпираат на приватните пензиски фондови, кои се зависни од движењата на финансиските пазари и подложни на осцилации. Најдобра ситуација постои во Холандија, нешто полоша во Германија, каде околу 15 насто од пензионерите се погодени од сиромаштија. Од тоа се посебно погодени жените, од кои многу не работеле или биле послабо платени од своите колеги.

Altersarmut Großbritannien London Müll Alter Mann Armut
Фотографија: picture-alliance/dpa

Неминовен е подолг работен век

Европската комисија веќе реагираше на трендот на зголемување на сиромаштвото во старост. 2012 година беше прогласена за „Европска година на активно стареење и меѓугенерациска солидарност“. Но, освен симболични проекти, Комисијата предложи и продолжување на работниот век.

„Секоја земја треба сама да го реши прблемот со пензиите, но постојат принципи кои важат за цела ЕУ и тие јасно одат во правец на прилагодување на должината на работниот век кон просечниот животен век“, смета Ласло Андор, задолжен за социјални прашања во ЕК. Важно е и вработените што подолго да останат на работно место. Пример на тој план е Шведска, која може да се пофали со најголема стапка на вработени во доба меѓу 55 и 64 години.

Тоа е тренд кој го предлага и Европската комисија. Граѓаните во ЕУ во секој случај се „за“. Според едно испитување на јавното мислење, 61 процент од граѓаните на ЕУ се согласува со продолжување на работниот век, но под услови од тоа да има и корист.