1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сиријците револтирани од набљудувачите на Арапската лига

29 декември 2011

Изјавите на набљудувачите на Арапската Лига ги револтираа Сиријците. САД бараат трпение

https://p.dw.com/p/13bEO
Фотографија: dapd

Набљудувачите на Арапската лига, по двата дена минати во Хомс, денеска ќе посетат други сириски градови. Дера, Хама и Идлиб се сметаат за центри на опозициските протести, а набљудувачите треба да го надгледуваат спроведувањето на мировниот план кој сириската влада го договори со Лигата во ноември. Притоа, власта во Сирија вети дека ќе запре со употреба на насилство против опозицијата.

Вчера, набљудувачите на Арапската лига беа во Хомс, каде со недели има судири меѓу противниците на власта на Башар ал-Асад и армијата. Изјавите на шефот на набљудувачите по првата куса посета на градот предизвикаа револт кај населението. Суданскиот генерал Мустафа ал-Даби изјави дека во Хомс е мирно и дека не видел ништо страшно. Подоцна тој ја релативираше својата изјава со зборовите дека мисијата на набљудувачите е на самиот почеток и дека и‘ е потребно повеќе време.

Сириската опозиција и борците за човекови права изразија сомнеж дека групата предводена од суданскиот генерал ќе дојде до објективен заклучок и дека нема да потпадне под влијание на владата во Дамаск. По критиките на сметка на набљудувачите, САД побараа трпение при давањето оценки за нивната работа. „Мора да им оставиме време на набљудувачите да се организираат. Тие мора да се остават да ја вршат својата работа и потоа да соопштат оценка“, изјави портпарол на министерството за надворешни работи во Вашингтон.

Автор: ЕМФ/ртр

Редактор: Б. Георгиевски