1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сирија се извини, Турција на курс на конфронтација

ЖА/дв/дпа/ртре4 октомври 2012

Турскиот парламент во Анкара официјално одобри воени акции во Сирија како одмазда за сириските гранатирања. Турската армија веќе го напаѓа граничниот регион на соседната држава. Сирија се извини за инцидентот.

https://p.dw.com/p/16K0T
Фотографија: Bulent Kilic/AFP/GettyImages

Турскиот парламент одобори спроведување прекугранична воена опреција на турската армија во Сирија, доколку Владата процени дека тоа е неопходно.

Оваа одлука Парламентот ја донесе еден ден откако во минофрлачки напад од Сирија загинаа петмина цивили во турскиот град Акчакале.

Владата побара одобрение од Парламентот да испраќа војници во странски земји со меморандум, во кој се посочува дека „агресивните дејствија од страна на сириските вооружени сили против турската територија претставуваат сериозна закана за националната безбедност“.

Експерти одлуката на Парламентот ја толкуваат како можност Турција без договор со НАТО или арапските земји да ја нападне Сирија. Турски функционери демантираа дека одлуката на Парламентот значи автоматски и слободни раце за почеток на војна.

Турската артилерија во меѓувреме продолжува со напади врз Сирија од граничното место Акчале, иако турската армија официјално не го потврдува ова. Турскиот премиер Реџеп Таип Ердиган изјави дека Турција не сака војна, но неговата држава нема да прифати никаква провокација која ја загрозува националната сигурност.

„Турција е во состојба да ги заштити своите граници и ако е неопходно, да возврати удар“, изјави безбедносниот советник на Ердоган, Ибрахим Калин.

Турскиот вице-премиер Бесир Аталај пред новинарите во Анкара денеска, пак, соопшти дека Сирија се извинила за гранатирањето на турското гранично место од вчера.

„Сириската страна го призна нападот и се извини за него“, изјави турскиот вице-премиер.

По гранатата испукана од сириска територија врз турското село Акчакале, која вчера (03.10.) уби две жени и три деца и повреди уште најмалку 13 други лица, турските воени сили возвратија со напади.

На барање на Турција по инцидентот се состана Советот на НАТО. Тој вети поддршка за Турција, а инцидентот на границата е остро осуден како „агресивно дејство“ и „прекршување на меѓународното право“. Во НАТО во Брисел се вели дека ситуацијата се набљудува внимателно. Договорени се натамошни консултации.