Сирија обвинува за „организирам тероризам“
2 октомври 2012Сирискиот министер за надворешни работи Валид ал-Муалим за време на генералната расправа на Генералното собрание на ОН изјави дека пред се’ Катар, Саудиска Арабија, Турција, САД и Франција го предизвикале и го поддржуваат тероризмот во Сирија со пари оружје и странски борци. Повиците за повлекување од власт на претседателот Башар ал-Асад се „еклатантно мешање во внатрешните работи на Сирија“, изјави Ал Муалим.
Тој претходно имаше средба и со Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун. Првиот човек на Светската организација притоа упати критика до сириската влада, обвинувајќи ја за убиства, кршење на човековите права, воздушни и артилериски напади и побара од неа да покаже „сочувство кон сопствениот народ“.
Бан за време на состанокот со сирискиот министер за надворешни работи Валид ал-Милем го осуди и континуираното убивање, масовното уништување, кршењето на човековите права и воздушните и артилериските напади на владата на Башар ал-Асад.
Генералниот секретар на ОН изрази незадоволство од фактот дека 19-месечниот конфликт се влошува и додаде дека е време Дамаск да го намали интензитетот на својата офанзива кон бунтовниците.
При најновите воздушни напади на сириската армија врз населени места во северозападната провинција Идлиб, според наводите на Сириската опсерваторија за човекови права, загинале 21 цивил, меѓу нив 8 деца. Најмалку 18 војници на сириската армија пак, биле убиени во заседа поставена од бунтовниците на патот меѓу местата Хомс и Палмир.