1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сирија - ново засолниште за екстремистите?

АТ/ афпе/ дпае/ апе/ ртре23 март 2013

Политички пресврт во Сирија носи имногу ризици. При посетата на Јордан американскиот претседател Барак Обама предупреди од растечкото влијание на фанатични мулсимански ограноци. ЦИА ги поддржува нерелигиозните групи.

https://p.dw.com/p/1832C
Фотографија: Bulent Kilic/AFP/Getty Images

Кој во Сирија виситнски ги застапува интересите на народот? Во тесно партнерство со Јордан се работи на тоа да се зајакне „веродостојна сириска опозиција“, рече американскиoт претседател Барак Обама при неговата посета на Аман. Тој ја пофали улогата на домаќините за поддршка на политичкиот пресврт во соседната земја, но истовремено апелираше итно до меѓународната заедница, да помогне да се „организира и мобилизира“ опозиција, за која може да се смета дека е доверлива.

Американскиот претседател особено го загрижува тоа што фанатици би можеле да го искористат вакуумот во власта во Сирија. „Многу сум загрижен, дека може да се создаде енклава на екстремизмот“, изјави Обама по разговорите со кралот на Јордан, Абдула. Обама и монархот стравуваат од релизигиозна поделба на Сирија. Меѓународната заедница, како што се вели, би морала да се ангажира за да се спречи такво нешто.

Набљудувачите и експертите коментираат дека САД сега очигледно се подготвени засилено да застанат зад бунтовниците на Слободната сириска армија. Во спротивно, постои опасност Сирија целосно да падне во рацете на групациите на џихадистите.

Дали исламистите профитираат од испораката на оружје?

Според информации на „Вол стрит журнал“, ЦИА започнала да го спроведува новиот став на владата во Вашингтон и засилено да ги поддржува секуларните групи на отпорот. Во Турција, на пример, биле поддржувани бунтовници, кои биле снабдени со оружје од заливските држави, пишува весникот повикувајќи се на актуелни и поранешни владини кругови.

Целта е да се зголеми ударната сила против трупите на претседателот Башар ал-Асад, иако се’ уште постојат големи задршки дека дел од оружјето би можело да падне во рацете на исламистичките милиции.

Државите на ЕУ и натаму остануваат без единствен договор за тоа дали да се испорача оружје за сириската опозиција. Министрите за надворешни работи на ЕУ на средбата во Даблин се договорија само значително да ја зајакнат цивилната помош за опозицијата против Асад. Ембаргото истекува на 31 мај, доколку претходно едногласно не биде продолжено од сите влади на ЕУ.