Сирија: бунтовниците стравуваат од масакр
30 јули 2012Сириските бунтовници тврдат дека го одбиле нападот на сириската армија врз нивните позиции во градот Алепо, но бараат итна седница на ОН, на која треба да бидат спречени сириските трупи да извршат масакр врз нив.
Според проценките на хуманитарните организации на ОН, најмалку 200 илјади луѓе бегаат од градот Алепо, откако армијата со хеликоптери и со тешка артилерија го бомбардираше градот последните два дена. Комесарката на ОН, Валери Амос побара од сириските власти да им обезбедат безбеден пристап на организациите за помош во градот.
Меѓународниот посредник за Сирија, Кофи Анан, изјави дека е загрижен поради концентрацијата на трупи и тешко вооружување околу Алепо и ги повика завојуваните страни мирно да го решат конфликтот.
Судирите меѓу владини сили и бунтовниците се одвиваат во непосредна близина на стариот град Алепо, кој е прогласен за светско културно наследство од УНЕСКО.
Сирискиот министер за надворешни работи Валид Муалем ги обвини Катар, Саудиска Арабија и Турција дека ги поддржуваат бунтовниците и ги снабдуваат со оружје.