1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сирискиот режим ја губи контролата?

АТ/ дпа/ ртр/афп/ дапд/ дв21 јули 2012

Сирискиот режим е се’ повеќе во дефанзива. Претседателот Башар ал-Асад демантира, но се’ повеќе борци бегаат од редовите на армијата. Советот за безбедност на ОН го продолжи мандатот на сините шлемови во таа земја.

https://p.dw.com/p/15ch2
Фотографија: Reuters

Борбите во Сирија стигнаа и до центарот на главниот град Дамаск. Владините трупи се обидуваат да ги потиснат бунтовниците од некои населби на градот. Активистите инфомираат дека имало повеќе експлозии во градот. Голем број семејства се во бегство.

Армијата пред распуштање?

По крвавиот напад врз раководството на војската на претседателот Башар ал- Асад минатава недела се чини дека се распушта регуларната армија на земјата. Според проценките на противниците на режимот, во меѓувреме дезертирале една третина од војниците. Вчера повторно пребегаа еден сириски генерал и 20 официри во Турција. Според тамошните медиуми, бројот на дезертирани генерали во Турција се искачил на 22.

Шпекулациите дека претседателот Асад бил подготвен за повлекување, во меѓувреме ги демантираше сириското Министерство за информации. Навестувањето за таков потег пристигна претходно од рускиот амбасадор во Франција.

Советот за безбедност на ОН ја продолжи мисијата на сините шлемови

Невооружената набљудувачка група на ОН ќе остане во земјата и покрај ескалирачкото насилство. Советот за безбедност на ОН донесе одлука последен пат да ја продолжи мисијата за 30 денови. Советот едногласно ја усвои предлог резолуцијата на Велика Британија, со која се предвидува продолжување на мандатот на сините шлемови. Одлуката следува еден ден, откако Русија и Кина ставија вето против една резолуција на западинте земји, која за првпат предвидуваше и економски санкции против Сирија.

Syrien UN Sicherheitsrat Archivbild
Русија и Кина и натаму заштитнички сили на Сирија во ОНФотографија: Reuters

Националниот совет ги смирува малцинствата

Претседателот на опозицискиот сириски Национален совет Абделбасер Сида упатува смирување во однос на стравовите на алавитското и христијанското малцинство во Сирија од пад на режимот на Асад и зајакнување на исламистичките сили по евентуалниот крај на режимот. Тој за ДВ изјави дека стравовите на малцинствата биле „разбирливи со оглед на пропагандата на режимот на Асад“.

Муслиманските браќа се „важен составен дел на сириската опозиција и сирискиот Национален совет и тие се обврзале дека ќе ги штитат правата на малцинствата“, подвлекува Сида, кој самиот му припаѓа на курдското малцинство. Идната Сирија би требало да биде плуралистичка, граѓанска и демократска, смета тој.