1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сирискиот премиер побегна од земјата

АМ/миа/афп6 август 2012

Сирискиот премиер Ријад Хиџаб, заедно со двајца министри, пребега во Јордан, изјави лидерот на сириските бунтовници. Според либански медиуми, со веќе поранешниот премиер пребегале и тројца високи офицери.

https://p.dw.com/p/15kdG
Фотографија: Reuters

Според медиумите, тајната операција за префрлување на премиерот, неговото семејство и неговото опкружување во странство била извршена од припадници на специјалниот оддел на бунтовничката Слободна сириска армија. Во меѓувреме, катарската телевизија Ал џазира соопшти дека сирискиот премиер Ријад Хиџаб, кој веќе е во Јордан со семејството, за неколку часа ќе се обрати до сирискиот народ и ќе изјави дека се присоединува кон револуцијата.

Извори од јорданската влада исто така соопштија дека премиерот се наоѓа во Јордан со семејството. Хиџаб е еден од највисоките службеници, кои бегаат од политичкиот и воен круг на претседателот Башар ал-Асад. Висок сириски офицер вчера исто така избега во Јордан.

Syrien Regierungschef Riad HidschabErnennung bei Bashar al Assad
Хиџиб беше назначен на позицијата во јуниФотографија: Reuters

„Хаџиб, членови на неговата фамилија, двајца министри и тројца армиски офицери минатата ноќ ја минаа границата со Јордан, следејќи ја координацијата меѓу сириската опозиција и бунтовничката Слободна сириска армија“, изјави членот на опозицискиот Национален совет Калид Зеин ал-Абедин

Сирискиот претседател го назначи 46-годишниот Хиџаб, поранешен министер за земјоделство, за премиер во јуни, по парламентарните избори во мај. Властите објавија дека изборите се чекор кон политички реформи, но противниците на режимот ги отфрлија. На премиерското место е назначен Омар Галауанџи, кој беше вицепремиер. Тој ќе ја предводи преодната влада, соопшти сириската телевизија.