1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сириската опозиција бара преиспитување на состојбата во Хомс

26 декември 2011

Сириската опозиција од набљудувачите на Арапската лига побара да биде посетен градот Хомс. Мисијата на Арапската лига во Сирија официјално почнува денеска (26.12.2011).

https://p.dw.com/p/13ZGj
Фотографија: dapd

Арапската лига ќе ја почне мисијата во Сирија, со посета на градот Хомс, јави агенцијата Ројтерс, повикувајќи се на неименуван извор во мисијата на Арапската лига. Првата група од 5-мина набљудувачи на Лигата за Сирија треба да тргнат денеска. Мисијата треба да ги посети и Дамаск, Хама и Едлеб. Градот Хомс, кој важи за упориште на протестите против претседателот Башар ал-Асад, е опколен од илјадници војници, соопшти сирискиот Национален совет. Лидерот на сириската опозиција Бурхан Ганлиун побара од Арапската лига да ги вклучи и ОН во напорите за запирање на крвопролевањето во земјата. „Ја повикувам Арапската лига да го замоли Советот за безбедност на ОН да го изгласа нејзиниот план, за на тој начин да се зголемат шансите за успех и да се спречи режимот да избегне исполнување на обврските“, изјави Ганлиун.

Арапската лига, според сириските опозициони групации, самата не е во состојба да ја реши кризата. Според проценки на ОН, од избувнувањето на протестите против претседателот Башар ал-Асад, во март годинава, убиени се над пет илјади луѓе.

Автор: ЕМФ/дв/дапд/ртр

Редактор: Ж. Ацеска