1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сириската армија ги повлече тенковите од Хомс

27 декември 2011

Набљудувачите од Арапската лига пристигнаа во Хомс. Кусо пред тоа сириските трупи очигледно се повлекле од Хомс. Непосредно пред тоа упориштето на антивладините протести беше под постојан оган на армијата.

https://p.dw.com/p/13Zic
Тенк на сириската армија во ХомсФотографија: dapd

Упориштето на протестот Хомс. Само пред неколку часови тоа беше под постојан оган. Сликите од интернет треба го докажат тоа. Сега кусо пред пристигнувањето на набљудувачите на Арапската лига , тенковите се повлекоа.

Дали ова повлекување е на долг рок, ќе проверат арапските набљудувачи кои ги посетуваат упориштата на опозицијата, меѓу нив и Хомс, третиот град по големина во Сирија. Тала ал Сауд ал Атласи, набљудувач од Мароко вели:

„ Наша задача е да набљудуваме во колкава мера Сирија ги исполнува нејзините обврски. Односно дали вооружените сили се повлечени од улиците, дали медиумите смеат да известуваат од терен и дали политичките затвореници се ослободени“.

Syrien Demonstration in Homs Demonstranten rufen nach Hilfe von der UN
Сириските демонстранти бараат помош од ОНФотографија: AP

Воена сила вооружена до заби

Сириската опозиција е скептична дка оваа мисија ќе успее. Тие бараат ОН со сите свои капацитети да се погрижат за спроведување на мировниот план.

Бурхан Галиун, сириски опозициски политичар во егзил вели:

„Тоа е воена сила вооружена до заби. Со тенкови и илјадници војници се врши опсада на Хомс и се пука врз невооруженото цивилно население“.

Во фокусот на гневот на армијата се оние населби во кои живеат многу противници на Асад. само на почетокот од неделава тука загинале 31 лице, велат очевидци.

Автор: Герлинд Фолмер

Редактор: Борис Георгиевски