1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сините шлемови првпат во активна борбена мисија

ЕМФ/дв29 март 2013

ОН и‘ доделија на мисијата на сините шлемови во Конго мандат каков што досега овие сили немале - со резолуција на СБ на ОН се предвидува мировната мисија во Конго да добие и „Бригада за интервенции“.

https://p.dw.com/p/186ij
Фотографија: dapd

Со едногласно донесениот заклучок на Советот за безбедност на Обединетите нации, бригата за интервенции има мандат да постапува воено офанзивно против бунтовниците на М23 на истокот на Демократска Република Конго. Притоа, таа може да оперира сама или заедно со армијата на ДР Конго. Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун претходно се залагаше за тоа сините шлемови да добијат борбен налог.

Централата на новите трупи треба да биде во градот Гома, кој во ноември кусо време беше заземен од страна на бунтовниците на М23. Трупите треба да бројат две до три илјади војници. Мисијата на ОН во ДР Конго, таканаречена Монусо мисија, во моментов е далеку најголема и најскапа мисија на сините шлемови во светот.

Во резолуцијата на ОН 15-те земји во Советот за безбедност истовремено назначуваат дека мандатот на борбената бригада ќе биде една година и се тврди дека ќе остане само „исклучок, без создавање преседан“ во методот на дејствување на мировните мисии на ОН. Советот за безбедност треба да оценува колку бригадата ги постигнала зададените цели, а треба да се следи и дали и кога владата на Конго ќе создаде сопствени сили за брза интервенција, кои би се бореле против вооружените милиции.

Kongo Miliz M23 Soldaten
Бунтовници на М23Фотографија: Isaac KasamaniAFP/Getty Images

Американскиот заменик амбасадор во ОН Џефри де Лаурентис изјави дека мандатот на ОН е важен чекор за заштита на жените и децата и за спречување на „страшното сексуално злоставување“ во регионот.

Групацијата М23 (23 март) е создадена пред една година, кога повеќе стотици поранешни бунтовници дезертираа од армијата на Конго, во која беа интегрирани во 2009 година, во рамки на мировниот договор. Бунтовниците ја обвинуваат владата во Киншаса дека не се држи до договорите.