1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Сименс“ планира да укине 15.000 работни места

АТ/ дпа/ ртр/ афп29 септември 2013

Соработниците на концернот „Сименс“ и инвеститорите сега се информирани: новиот шеф Џо Кезер најави дека во рамките на програмата за штедење ќе бидат укинати 15.000 работни места ширум светот.

https://p.dw.com/p/19qH7
Фотографија: Getty Images

Во Германија треба да бидат укинати 5.000 работни места, рече портпарол на концернот. Тој исто така соопшти дека за околу половината од 15.000 работни места веќе била постигната спогодба за порамнување на интересите со претставниците на работниците. Исто така и за останатите ситуацијата е веќе разјаснета. Преговорите се завршени, изјави портпаролот. Процесот треба да заврши есента 2014 година.

„Постојат области каде растеме“, појасни портпаролот. „Укинување на една област не значи по секоја цена губење на работата“. Многу соработници биле прераспределени во други области. Во Германија нема да има принудни отпуштања поради деловни причини, и исто тоа не се посакува ниту за во странство.

Во Германија од кратењата најмногу ќе биде погоден секторот индустрија. Таму треба да отпаднат 2000 работни места. Во сегментите енергија и инфраструктура и градови треба да бидат укинати по 1.400 работни места. Додека концернот од Минхен во некои области врши кратење на персоналот, во други полиња со пораст сака да вработи нови соработници.

Во „Сименс“ неодамна дојде до промена на раководните функции во концернот. Надзорниот одбор го отпушти дотогашниот шеф Петер Лешер и го именуваше членот на управниот обор одговорен за финансии, Џо Кезер, за негов наследник. Под раководство на Лешер се намали обртот на концернот, додека програмата за штедење „Сименс 2014“ предизвика дополнителни трошоци.