1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сименс крати работни места

26 февруари 2008

Концернот Сименс крати 6800 работни места ширум светот. Само во Германија треба да бидат скратени 3200 работни места во телекомуникацискиот оддел, соопшти концернот денеска (26.02.2008)

https://p.dw.com/p/DDKh
Фотографија: AP

Медиумските извештаи кои кружат со денови добија потврда - Сименс сака да го реформира концернот ќерка Сименс Ентерпрајс Комјуникејшнс, или скратено СЕН, поради променетите барања на муштериите. Според концернот, таквите реформи во Германија ќе ги чинат работно место 3 200 луѓе, а погодени се пред се‘ централата на СЕН, како и неколку други управни функции. Кратењето работни места би требало да се изведе најсоцијално што е можно, изјави првиот човек на финансиите во Сименс, Џо Кезер. Вработените се исплашени. Дел од нив вели: „Мислам дека сите стравуваат за своето работно место. Во моментов сите се плашат. Тука мора да се биде искрен, но што може да се прави?“


„Расположението е на нула. Секој се прашува - како натаму?“

Siemens Firmenlogo
Фотографија: AP


СЕН има намера од понудувач на хардвер да стане понудувач на софтвер и на решенија. Весникот „Зидојче Цајтунг“ пишува дека Сименс со реформите се подготвува за продажба на СЕН и се обидува да го направи СЕН што поатрактивен за можниот купувач. Матијас Јена, од синдикатот ИГ метал, изрази надеж дека Сименс нема да ги повторува старите грешки: „Се надеваме дека Сименс извлече поука од катастрофата со БенКу и дека овојпат ќе внимава и ќе избере инвеститор кој ќе донесе концепт со кој би се гарантирала иднината на работните места.„