1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Силна противкандидатка без шанси

18 март 2012

Беате Кларсфелд е противкандидат на Јоахим Гаук во трката за највисоката функција во Германија. Нејзините шанси на денешното гласање се минимални. Нејзина најважна тема останува борбата против фашизмот .

https://p.dw.com/p/14MKY
Беате КларсфелдФотографија: Reuters

73-годишната Беате Кларсфелд, важи за аутсајдер без шанси во трката за Сојузен претседател. Таа во трката за германски сојузен претседател влегува како кандидат на Партијата на левицата.

Кларсфелд е родена во Берлин, во 1939 година. Потекнува од „многу обично“ семејство, вели ќерката на вработен во правосудството и чистачка. Но, не е потеклото она што Кларсфелд ја прави соодветен предизвикувач на фаворизираниот свештеник и поранешен борец за човекови права во Германската Демократска република, Јоахим Гаук.

Präsidenten Kandidatin der Linke Beate Klarsfeld
Беате Кларсфелд со раковдството на партијата на ЛевицатаФотографија: Reuters

Левицата истакна дека решавачката одлика на Кларсфлед поради која таа е испратена во трката за претседателската функција е „борбата против фашизмот“. Шлаканицата што таа во 1968 година му ја удри на тогашниот сојузен канцелар и поранешен член на НСДАП (Национал-социјалистичка германска работничка партија), Курт Георг Кисингер, беше „шлаканица за Германија“, вели Кларсфелд.

Залагање за брза забрана на НПД

Своето заминување за Париз во 1960 година, таа го оценува како „најдобар начин за да се промени сликата за Германија во светот“. Францускиот главен град и‘ станува втор дом и појдовна точка за нејзиниот полувековен ангажман против нацистите и диктатурите во цел свет.

Beate Klarsfeld
Беате Кларсфелд во 1968 година за време на седницата на Бундестагот во Бон кога канцеларот Курт Георг Кисингер го нарече „нацист“ и „злосторник“Фотографија: picture-alliance/dpa

И за време на првиот официјален настап по номинацијата за највисоката политичка функција во Германија Кларсфелд остана верна на својата животна задача. Таа се заложи за брза забрана на десноекстремната Националдемократска партија на Германија (НПД). Тоа е нешто што исто така ја поврзува со левицата.

Тоа што на Партијата на левицата и‘ се припишува поделен однос кон Израел и антисемитистички струења, за Кларсфелд не е проблем. И тука таа ги нагласува заедничките работи. Во нив, покрај гаранцијата за правото на егзистенција на еврејската држава се вбројува решението „две држави“ со Палестина. Левицата опуштено гледа на симпатиите и поддршката на Кларсфелд за конзервативниот француски претседател Никола Саркози. „Тука имаме разлика во мислењата“, вели шефот на пратеничката група на Партијата на левицата Грегор Гизи со насмевка.

Автор: Марсел Фирстенау / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Симе Недевски