1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Силна осуда за вчерашните напади во Њу Делхи

30 октомври 2005

Индиската полиција ги зајакна мерките на безбедност во Њу Делхи, откако вчера во трите напоредни експлозии на фрекфентно место во градот животот го загубија над 60 луѓе.

https://p.dw.com/p/AcBg
Њу Делхи по нападите
Њу Делхи по нападитеФотографија: AP

Безбедносните експерти како одговорни за нападите веќе ги посочуваат пакистанските милитанти, кои се противат на отворањето на индиско-пакистанската граница.

Полицијата уапси повеќе од 150 лица под сомнение дека се поврзани со вчерашните напади во индискиот главен град. Пазарите се затворени, а премиерот Мамохан Синг денеска свика итна седница на владиниот кабинет со цел да се согледаат причините и поедиците од трите вчерашни експлозии, кои одекнаа една по друга во временско растојание од само неколку минути и во време кога Индија и Пакистан се договорија да ги отворат границите со цел да им се помогне на преживеаните од земјотресот.

Две од експлозиите се случија на пазари во Њу Делхи, а една во автобус и тоа во време кога тие биле преполни со луѓе воочи најголемиот хиндуистички празник Дивали. Повредените, од кои голем дел се во критична состојба, се пренесени во болници.

Според индиската влада, нападите се дело на терористи, но сепак не се посочуваат конкретни виновници. Портпаролот на владата, Сањау Бару, изјави:

,, Индија никогаш нема да биде загрозема од тероризам. Премиерот рече дека сите зли намери за тероризам ќе бидат сузбиени. Тој ги повика граѓаните да останат смирени и посочи дека неприфатливи се нападите врз цивилното население“ рече Бру.

И шефицата на партијата на индискиот конгрес, Соња Ганди, ги осуди вчерашните напади во Њу Делхи.

,, Ова покажува дека мора да се соочиме со ваквата појава и дека заеднички треба да се бориме. Ова не е феномен само во нашата земја, туку нешто што го засега цвелиот свет, рече Соња Ганди.

Освен во Њу Делхи, подигнати се безбедносните мерки и во другите индиски градови. Во меѓувреме, и Пакистан, остро ги осуди вчерашните напади и оцени дека станува збор за терористички дела.