Силна ЕУ – партнер на САД
21 јуни 2005Американскиот претседател на заедничката прес-конференција во Белата куќа со јасна порака:
„Разговорите покажаа колку е важна нашата соработка врз основа на заедничките вредности и амбиции. Партнерство кое вистински помага во изградбата на Европа на целосна слобода и мир. САД продолжуваат да поддржуваат силна Европска унија како партнер во ширењето на мирот и демократијата, безбедност и напредокот во целиот свет„.
Ако Европа и САД зборуваат со еден глас, рече Буш, тогаш ширењето на демократијата во светот има силен фактор на своја страна. Тој подвлече дека обете страни следат иста цел на Блискиот исток. Буш нагласено ја пофали конференцијата посветена на Ирак што во текот на неделава ќе се одржи во Брисел. Претседавачаот на Унијата, Жан Клод Јункер на своите американски партнери им го објасни значењето на негативните референдуми за уставот и неуспехот на преговорите за буџетот на унијата. Тој сепак подвлече дела ЕУ е целосно функционална:
„Во отворените и пријателски разговори со претседателот Буш, јасно кажавме дека Европската унија не е на дното„.
Унијата ќе се придржува кон меѓународните обврски при што САД и натаму се најважниот стратегиски партнер, соопшти претседателот на Европската комисија Жозе Барозо:
„ Ние сме убедени дека светот е подобро место ако Европа и САД добро соработуваат. Ние заедно ја поддржавме демократијата во Украина подеднакво ккао и во Либан. Заеднички ја организираме конференцијата за Ирак. Ќе ја продолжиме тесната соработка во врска со Иран и на Блискиот исток„.
Барозо и Буш потсетија дека дневната трговија меѓу двете страни изнесува 1,8 милијарди долари. Трговските конфликти притоа не се исклучени. Заеднички ќе се направат напори да се спречи спорот околу субвенциите за Ербас. Буш посебно ја истакна соработката во борбата против тероризмот и околу атомската програма на Иран:
„Разговаравме и за Иран и јас ја истакнав работата на ЕУ. На европската тројка: Германија, Велика Британија и Франција им упатив комплименти што на иранското раководство јасно му укажаа дека нема да прифатиме атомско оружје„.