Силен земјотрес на западот од Кина
12 август 2012Реклама
Епицентарот бил на 282 километри југоисточно од градот Хотан, во слабо населената планинска област Кунлун, на длабочина од 30 километри.
Засега нема информации за жртви или материјална штета. Според пописот од 2002. година, во тој регион живеат околу 220 илјади жители.
Областа Керија, каде бил епицентарот е заобиколена од сите страни со планини. Областа долж границата на хималајското плато е меѓу подрачјата во кои има најголема сеизмичка активност во Кина.