Силен земјотрес во Јапонија
1 јануари 2012Епиценаторт на земјотресот е регистриран во близина на островот Торишима, на околу 560 километри јужно од Токио, а ценатрот на земјотресот е лоциран на длабочина од 370 километри, соопшти јапонскиот Центар за земјотреси. Земјотресот се случи во 14 часот и 25 мунути по локално време. Предупредување од цунами не е издадено.
Во Токио, каде што важат строги градежни прописи поради тоа што градот лежи во трустно подрачје, се занишаа повеќе висококатници, соопшти метеоролошката служба. Железничкиот и воздушниот сообраќај меѓутоа се одвиваа непречено. Исто така не беше прекинато ниту финалето за Покалот на кралот, важен фудбалски турнир во Јапонија. Во Дизниленд во Токио пак некои од забавните објекти запреа автоматски, но кратко потоа продолжија со работа.
Јапонија е земја која често е погодена од земјотреси. На 11-ти март минатата година земјотресот со јачина од 9 степени предизвика и цунами. Двете природни катастрофи опустошија големи делови од северозападниот дел од земјата и ја предизвикаа и нуклеарната катастрофа во Фукушима.
Автор: АТ/ ЖА/ афп
Редактор: Ж. Ацеска