1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Suu Kyi Freilassung

14 ноември 2010

На овој момент луѓето во Бурма (Мјанмар н.з.) чекаа со години. Врз носителката на Нобеловата награда за мир се потпира надежта на еден цел народ за слобода, правда и демократија.

https://p.dw.com/p/Q8Cj

Тоа се целите на кои Аунг Сан Су Ќим им го посвети животот. Отворена, подготвена за разговор, а сепак непопустлива во ставот, таа со децении и‘ пркоси на диктатурата и заради тоа плати со својата слобода.

Сега е слободна. Дали со тоа демократијата во Бурма стана повозможна? Тешко! Доколку хунтата што владее во Бурма имаше нешто заедничко со демократијата, тоа ќе се покажеше барем на изборите што се одржаа пред една недела. Токму спротивното беше случај. Изборите беа фарса. Тие требаше на спорните генерали да им бидат само покритие за нивното натамошно диктаторски владеење. Немирите поради оваа лошо инсценирана претстава и натаму траат.

За покажување обѕир никогаш не е доцна, но очигледно е дека со ослободувањето на носителката на Нобеловата награда за мир се сака на светот да му се даде уште еден симболичен знак за наводната отвореност на режимот. Генералите имаат слобода повторно да ја затворат Аунг Сан Су Ќи повторно веднаш, со каков било изговор, доколку таа за нив стане премногу „непријатна“. Тоа во минатото се случуваше повеќепати.

Моќта на генералите се потпира врз нивните пријатели

Се разбира дека ослободувањето на фигурата симбол на деморкатскиот отпор носи со себе извесен ризик за хунтата. Но, тој ризик може да се пресмета. Доколку се случи бунт на народот, постојат досега докажаните методи - генералите ќе ги активираат тенковите, како што направија и при протестите на будистичките монаси пред три години.

Природните катастрофи, гладта и сиромаштијата му даваат печат на животот на луѓето во Бурма, и покрај тоа што земјата е богата со суровини. Тоа генералите ги загрижува исто толку малку, колку и протестите на организациите за човекови права, или дури и на ОН. Многуте обиди за посредување и дипломатски офанзиви, досега завршија без резултат.

Моќта на генералите не се потпира врз нивните тенкови, туку врз моќните пријатели, на кои воената хунта досега секогаш можеше да смета. На прво место е тоа соседна Кина. Пекинг пружа зашттитничка рака и врз генералите во Рангун. Дури и соседот на запад, Индија, ги поставува своите економски интереси поради богаството на суровини во Бурма над демократските вредности. Од критика се воздржуваат и југоисточните азиски земји на АСЕАН, чиј член е Бурма.

Аунг Сан Су Ќи е на слобода. Демократијата во Бурма останува и натаму во затворот на воените власти. И мора да се стравува од можноста дека непопустливата носителка на Нобеловата награда ќе ја дели таа судбина многу скоро.

Автор на коментарот: Сибиле Голте

Превод: Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Симе Недевски