1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Се чека говорот на Обама

18 мај 2011

Американскиот претседател Барак Обама утре ќе го одржи долгонајавуваниот говор за американската политика кон Блискиот Исток. Дали говорот ќе донесе некакво придвижувње во пат позицијата во мировните преговори?

https://p.dw.com/p/11Ioc
Фотографија: picture-alliance/dpa

На септемвриското заседание на ОН земјите-членки треба да дадат поддршка за независната палестинска држава. Овој повик деновиве го испрати палестинскиот претседател Махмуд Абас во авторски текст во весникот „Њујорк Тајмс“.

Палестинците одлучија да им се обратат директно на ОН бидејќи веќе 20 години залудно преговараат со Израел, без притоа да мрднат чекор понатаму. Палестинците не можат вечно да чекаат да добијат своја држава, додека населува се’ повеќе доселеници во Западниот Брег и го окупира нивниот иден главен град Ерусалим, вели Абас.

Абас го отфрла и одбивањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да преговара со палестинските власти поради примирјето со радикалниот Хамас. „Изборот не е меѓу палестинското единство и мирот со Израел, туку меѓу решението за две држави или натамошно колонизирање“, пишува Абас.

Нетанјаху в петок во Вашингтон ќе се сретне со американскиот претседател Барак Обама. Во понеделникот, во говор пред израелскиот Кнесет тој уште еднаш порача дека нема да преговара со палестинците се додека во владата седат претставници на Хамас.

Obama im Situation Room
Говорот на Обама се очекува да даде насоки за мировниот процесФотографија: dapd

„Една палестинска влада чија половина од членовите заговараат уништување на државата Израел, не може да биде партнер за мировни преговори. Не треба вината да се префрла на погрешната страна. Причината е во тоа што палестинците одбиваат да го признаат Израел како држава на еврејскиот народ“, рече Нетанјаху.

Влијание врз говорот на Обама

И Абас со текстот во Њујорк Тајмс и Нетанјаху со говорот во парламентот се обидуваат да влијаат врз говорот на американскиот претседател за Блискиот Исток. Израелски медиуми тврдат дека тој ќе побара од Палестинците да се откажат од барањето за прогласување независност на септемвриското заседание на ОН, и наместо тоа да ги продолжат мировните преговори со Израел. Од друга страна, тој ќе бара од Тел Авив да се повлече на границите од пред конфликтот во 1967 година, или да се изврши размена на територии доколку Палестинците се согласат на такво решение.

Israel / Netanjahu / Ministerpräsident
Бенјамин НетанјахуФотографија: AP

Обама ќе бара од Нетанјаху да запрат изградбите на нови доселенички населби на Западниот Брег и ќе предложи Ерусалим да биде главен град на двете нации. Деловите во кои се мнозинство Евреи треба да му припаднат на Израел, а останатите на Палестинците. Во меѓувреме, израелските власти се обидуваат да влијаат врз американската администрација од говорот на Обама да се избришат сите критички забелешки на сметка на Нетанјаху, пишува израелскиот весник Једиот Ахронот.

Автор: Клеменс Ференкоте/Борис Георгиевски

Редактор: Жана Ацеска