1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Се создава најголемата банка во Италија

29 август 2006

Со фузија тешка милијарди евра во Италија се создава една од најголемите банки во Европа. Банка Интеса и Санпаоло ИМИ на викендот се договорија да се спојат во една банка преку размена на акции. Двете банки во моментов имаат 6300 филијали, што е речиси двојно повеќе од претходниот лидер на пазарот банката УниКредито која минатата година ја презема минхенската Хипоферајн банка. Со заеднички капитал од околу 60

https://p.dw.com/p/AeL0
И Проди и Берлускони ја поддржуваат фузијата
И Проди и Берлускони ја поддржуваат фузијатаФотографија: AP

милијарди евра, новата банка во Италија ќе биде на осмото место по големина во Европа. Грегор Хопе од Рим ги има деталите за фузијата на банките.

Ретко согласноста за банкарско фузионирање е вака единствена. Аналитичарите, владата, новинарите – сите се согласни со решението за фузија на Банка Интеса и Санпаоло ИМИ. Управните одбори на банките, на викендот го отворија патот за ваквата операција. Со ова се најавува и консолидација на премногу долго поделениот банкарски пазар во Италија. Економскиот новинар Ерико Чизнето оценува:

“Се што оди во насока на рационализација на нашиот банкарски систем може да биде оценето само како позитивно. Секако ќе беше подобро ако, двете куќи, кои сега ќе станат најголема банка во Италија, што се однесува до шалтерите и службениците го направеа тоа како Уникредит банката: во здружување со други европски банки. Така ќе се формираше уште една поинтернационална група. Вака двете големи италијански куќи се спојуваат и ќе бидат водечки само на домашниот пазар.”

За почеток, новиот џин е заштитен од непријателско преземање од странство. Иако синдикатите сметаат дека на секој десетти од стоте илјади вработени му е загрозено работното место : во двата модерни блока, имено Интеса Санпаоло и Уникредит ХВБ, би можел да се засили притисокот врз помалите институти во конкурентската борба за подобрениот однос кон клиентите. Банка интеса на пример воведе и новини како работа со банки преку интернет или поедноставни процедури во банкарското работење. Посебна новина е тоа што во филијалите на Интеса човек сега може да влезе без да ги помине строгите безбедносни мерки. Ако тоа се прошири и во други банки клиентите не би имале ништо против. Неповолно е тоа што дури и сегашната опозиција, значи десниот центар на Силвио Берлускони, ја поздрави планираната фузија. Што значи тоа во екстремно политизираниот пејсаж на италијански банки :

”Навистина привлекува внимание тоа што Берлускони, Тремонти и сите десничари се ЗА како што ја нарече еден весник, “операцијата Ал ла Проди”. Бидејќи е познато дека засегнатите во случајот, пред се врвот на Банка Интеса, имаат лични врски со Проди”.

Затоа претходникот на Проди, Берлускони дозволи и да падне поранешниот шеф на централната банка Антонио Фацио, кога ништо друго веќе не помогна: Фацио сакаше преземањето на банките од странство да го заштити со незаконски средства. И Лега Норд, како коалициона партија го поддржуваше Фацио и сакаше тој да остане на функцијата.

Марио Драги, како нов претседател на Банка Д Италија застапува друг правец: Нема страв од отворањето на пазарот, поголем пазар, поголеми шанси за раст на домашните банки, бидејќи светскиот пазар не запира пред границите на државите.

Согласно со ова планот го поддржаа и најголемите акционери кај двата канидата за фузија, Кредит Агрикол од Франција и Сантандер од Шпанија. Вака ќе се создаде банката бр. 8 во Европа – од двете банки кои во минатата година заработиле 5,2 милијарди евра. За споредба, Дојче Банк има заработено 3,5 милијарди евра. Новинарот Чизнето предвидува уште вакви спојувања во Италија.

“Следни може да бидат Капиталија и Монте дел Паши од Сиена – и тие им припаѓаат на различни политички ориентации. Да се надеваме дека на крајот сите ќе можат да бидат задоволни.”