Се работи на ослобудување на другиот Германец во Ирак
12 јули 2007Реклама
По ослободувањето на Германката киднапирана во Ирак, сега се работи на ослободување на нејзиниот син. Ханелоре Краузе и синот Синај пред пет месеци беа грабнати од нивниот стан во Багдад. Во интервју за телевизијата Ал Арабија Краузе ја повтори пораката од киднаперите дека Германија треба да го напушти Авганистан, во спротивно нејзиниот син ќе биде ликвидиран. Берлин повторно одби секакви ултиматуми.