Се проширува шумскиот пожар на Мајорка
28 јули 2013Шумскиот пожар кој веќе неколку дена гори во западниот дел на омилениот туристички остров на Средоземното море - Мајорка и натаму се шири. Во текот на ноќта е извршена евакуација на 700 жители на планинското село Естељенс, соопшти Серхи Торандел, шеф на локалната служба за вонредни ситуации.
Повредени нема, но огнот се заканува на областите со најскапи куќи на островот, истакна Торандел. Повеќе oд 350 пожарникари се справуваат со огнената стихија, поддржани од 24 противпожарни авиони и хеликоптери. Според наводи на властите на шпанскиот остров пожарот досега зафатил 1.600 хектари шума, меѓу местата Андрач и Естељенс на западниот дел од Mајорка.
Шпанските медиуми, повикувајќи се на властите, јавуваат дека ова е најсериозниот пожар што ја зафатил Мајорка во изминатите 20 години.