Се' помалку работа за се' повеќе млади Чеси
9 август 2013Павел Беер се обиде многупати. Ова 23 годишно момче има стручна матура по економија со специјализација за шински сообраќај. Работа во железницита меѓутоа за него не се најде. Поради тоа овој млад Чех се обучи за заварувач. Прво најде работа за еден месец, но неговиот работодавач банкротираше. Веќе две години Беер бара работа - залудно. „Да се биде постојано одбиван, тоа е депримирачки“, вели тој.
Невработеност меѓу младите - Чешка долго мислеше дека ќе остане поштедена од овој проблем, како што претедателот на Европскиот совет Херман ван Ромпој го нарекува „можеби најитниот проблем во ЕУ“. Со квота од скоро 20 проценти оваа земја е под европскиот просек, но од почетокот на стопанската криза бројот на младите Чеси без работа се удвои. Во меѓувреме во Министерството за труд во Прага се зборува за „ситуација која притиска“. Во својот последен извештај Меѓународната организација за труд (ИЛО) Чешка ја вброи меѓу земјите на кои им се закануваат социјални немири - меѓу другото и поради зголемениот број безперспективни млади.
Апсолвенти без иднина
Со постсоцијалистичкиот пресврт се промени и пазарот на трудот во Чешка. „Новопечените апсолвенти долго време имаа многу добра позиција“, појаснува Филип Пертолд, експерт за пазарот на трудот од Економскиот истражувачки институт ИДЕА. Апсолвентите ги чекаа работни места во ИТ или правничката бранша. Меѓутоа веќе пет години овие времиња се минато.
Со рецесијата запреа и вработувањата. Најсилно беа погодени оние кои започнуваа да работат. „Притоа фирмите и не мора да бидат во големи финансиски проблеми. Доволно е да се несигурни, како ќе биде во иднина“, појаснуа Пертолд. Стриктната политика на штедење на неодамна собрената центрано-десничарска влада предизвика несигурност.
Помош од ЕУ
Пред да падне чешката влада сепак беа иницирани мерки против намалувањето на работните места. Тие исто така се поддржани со пари од ЕУ и делумно се на линија на мерките кои европските министри за труд неодамна ги усвоија во Берлин. За претпријатијата, кои ќе отворат место за млад невработен има паричен додадок до 900 евра месечно. Во моментов во тек е пилот проект кој го поттикнува партнерството меѓу стручните училишта и претпријатијата. Младите таму треба да стекнат теоретска и практична обука.
Повиците за темелна реформа на средните и стручните училишта досега не беа слушнати. Образованието честопати е далеку од праксата и донесува специјалисти во стручни области за кои нема работа - млади луѓе како Павел Беер стручњак за шини и завараувач.
Структурно слабата Северна Бохемија, каде живее Беер, е посебно проблематична. Со проектот „Чекор кон кариера“ тој сака да пронајде нова мотивација и работа. „Работниот пазар овде е навистина ограничен“, појаснува проект- менаџерката Ирена Блахутова. „Апсолвентите со општо образование едноставно излегуваат од училиштата. Фирмите меѓутоа бараат практично искуство, а него речиси никој го нема“.
Во околината на гратчето Жатец има безкрајни полиња со хмељ, но работата овде е реткост. Со својот тим Блахутова се обидува, да ги подготви младите за борбата за малкуте места: Во праксата невработените треба да ги соберат првите искуства, на воркшопови учат како да бидат убедливи на интервјута за вработување.
Од другата страна на додатоците
На крајот на шестмесечната обука во идеален случај младите ги очекува вработување. Од почетокот на годинава според Блахутова тројца учесници на обуката нашле вработување, а во меѓувреме се' поизгледно е и отворање на натамошни работи места со државна помош. Младите имено се обучуваат за административна работа, но во праксата се' прифаќа се‘ што може да се добие.
Камила Рисова е среќна што успеа да најде работа. За една графичка агенција таа изработува етикети и брошури за фирми. Нејзиното работно место е субвенционирано од проектот на Блахутова со 580 евра. Пет месеци без работа - тоа Рисова никогаш повеќе не сака да го доживее. „Јас морам да учам, сосема сум на почеток и не верувам дека ќе морам да седам дома“. Посредниците за вработување во регионот полагаат токму во малите претпријатија како оваа рекламна агенција во Добромериц.Рисова се смее, таа е сигурна дека кога додатокот ќе отпадне, нејзиното работно место ќе остане, но и структурната слабост на Северна Бохемија исто така.