1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Се‘ повеќе самци во Германија

Дорис Краних/Борис Георгиевски27 јули 2012

Секој петти Германец живее сам, пресметал државниот Завод за статистика. Севкупно се работи за 15,9 милиони луѓе, или 4,5 милиони повеќе од пред 20 години. Трендот е јасно насочен кон индивидуални домаќинства.

https://p.dw.com/p/15Vnc
Фотографија: Fotolia/Peter Atkins

Да се живее сам- за таквата опција се одлучуваат се’ повеќе Германци. За берлинчанката Катрин Гренц тоа не значи откажување од партнерството. Таа живее сама, затоа што за неа тоа значи поголема лична слобода, повеќе индивидуалитет. И притоа додава:

„На овој начин можам послободно да се однесувам со партнерот без притоа да размислувам на секојдневните обврски“.

Во меѓувреме, според Заводот за статистика, секој петти Германец живее сам. Притоа се’ поголем број самци кои самите се одлучуваат за ваков начин на живот, но исто така и разведени и вдовци. Но, кај самците е поголем ризикот и од сиромаштија.

„Доколку се знае дека самохраните родители се соочуваат со 43-процентен ризик од сиромаштија, тогаш ризикот од сиромаштија кај самците е далеку понизок, имено околу 30 проценти, но сепак тоа е двојно повеќе од ризикот од сиромаштија од околу 15,6 отсто со кој се соочуваат граѓаните во просек“, вели Родерих Егелер, претседател на Заводот за статистика.

Single Mann lesen Singlehaushalt allein Flash-Galerie
Фотографија: Bilderbox

Во европски рамки, само во Шведска бројот на самци е поголем од оној во Германија. А во иднина, според Заводот за статистика, уште повеќе ќе се зголемува бројот на луѓе кои живеат сами.