1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Се' повеќе самоубиства во Грција

СН/БГ/афп/бета21 мај 2013

Бројот на самоубиства во Грција достигнал рекордно ниво во последниве 50 години. Официјалните статистички податоци покажуваат дека во 2011 година биле извршени 26 насто повеќе убиства во кризната земја.

https://p.dw.com/p/18bQb
Фотографија: picture-alliance/dpa

Бројот на самоубиства во Грција во 2011 година во Грција достигнал 477 што претставува зголемување на годишно ниво од 26 насто, објави денеска државната статистичка служба на Грција, Елстат.

Мажите сочинувале 82 насто од лицата што извршиле самоубиство во 2011 година. Од другастрана вкупно 84 жени се самоубиле во истата година, што истотака претставува значително поточно двојно зголемување во однос на претходната 2010 година.

Од вкупниот број самоубиства, 35 насто се случиле во регионот на Атина, каде што живее една третина од 11 милионското население на Грција, 11 проценти се случиле во северниот дел на земјата кој е втор по населеност , а на островот Крит се случиле 7,7 насто од самоубиствата. 

Невладината организација Климака соопшти дека овие податоци претставуваат рекорд во последните 50 години, во кои се следи  бројот на самоубиствата во земјата.  Според неименуван претставник на статистичката служба Елстат податоците за 2011 година се проверени вклучително и официјалните медицински служби. Новинската агенција Франс прес меѓутоа потсетува дека и покрај ваквите алармантни бројки, Грција во споредба со земјите од северот на Европа има релативно ниска стапка на самоубиства.