1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Се’ повеќе десни радикали во Германија

Удо Бауер/Б. Георгиевски17 ноември 2012

Речиси секој шести источно-Германец има десно-радикален поглед на светот, утврди студија на фондацијата Фридрих Еберт. Двојно повеќе граѓани на источна Германија имаат ксенофобични ставови во однос на оние на западот.

https://p.dw.com/p/16hiR
Фотографија: picture-alliance/ZB

Ксенофобијата е основниот двигател на десно-радикалното размислување. Притоа не е важно дали во десничарските упоришта живеат голем број странци. Во Германија, речиси секој 11 граѓанин има десно-радикално мислење.

На западот овој процент во последните 6 години паднал од 9,1 на 7,3 отсто. Но, на истокот тој повеќе од двојно се зголемил, од 6,6 на 15,8 проценти.

„Претпоставуваме дека овој феномен е најсилен во одредени региони со послаба перспектива во источно-германските држави“, вели Ралф Мелцер од Фондацијата Фридрих Еберт.

Таму, според експертите, е најголема опасноста дека десните радикали успеваат да влијаат врз свеста на луѓето.

Puzzlebild Triptychon Deutschland Rechtsextremismus Dossierbild 1
Фотографија: picture-alliance/dpa

„Демократските партии мора да избегнат да ги прифаќаат десно-радикалните погледи, дел по дел, значи мора да се направи едно јасно разграничување. На локално ниво предупредуваме дека не смее да има соработка меѓу десните екстремисти и демократските партии“, објаснува Мелцер.

Според шефот на опозициската СПД, Зигмар Габриел, десно-радикалните ставови се знак за длабока несигурност во центарот на општеството. Демократските партии мора да се грижат за граѓаните, за тие да ја поддржуваат демократијата.