1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Се отвари „Фотокина"

26 септември 2006

Германскиот град Келн од денеска е домаќин на најзначајниот фото саем во светот, Фотокина. Годинешниот назив „Светот на снимката„ треба да покаже дека во халите на саемот не се врти се` само околу фото камерите, туку и процесот на создавањето на фотографијата за што се овозможува увид во сите аспекти.1600 излагачи од 45 земји до 1 октомври ќе ги прикажат најновите трендови од браншата во која се случуваат мног

https://p.dw.com/p/AeKm

у брзи промени

Ќе биде фотографирано се она што објективите што можат да го опфатат. Се почесто луѓето шкрапаат со камерите и тоа најчесто со оние со дигитална техника. Само во Западна Европа годинава ќе се продадат 28 милиони дигитални фотоапарати, што е нов рекорд. Од тоа на германскиот пазар отпаѓа една четвртина, но со седум милиони продадени камери, тргиовците во Германија нема да го надминат минатогодишното ниво. Сепак оваа бранша со отпимизам гледа кон иднината, бидејќи светскиот пазар за фото имејџинг, меморијата и процесот на обработка се до изработката на фотографијата, во моментов се проценува на 125 милијарди евра. За „Фотокина„ тоа е одлично смета шефот на саемот во Келн, Оливер Курт

„ Фотокина во голема мера профитира од ваквиот развој на браншата, бидејќи ова е единствениот фото саем во светот кој ја опфаќа и претставува глобалната светска понуда. Нашата идеја е фотографијата да биде во фокусот, а притоа да не ги заборавиме ниту аспектите околу настанувањето, обработката и презентацијата. Тоа го направи овој саем она што е денеска, водечки во светски рамки. Тој ја прикажува целокупната палета на дигитална и конвенционална фото технологија за приватна и професионална употреба„

Во Германија минатата година биле развиени околу 5 милијарди фотографии, најголем дел во големите лабаратории во рамки на ланецот дрогерии. Се повеќе фотографии се развиваат и дома и заради тоа големи се очекувањата кога станува збор за домашното производство. Тоа важи и за рефлектирачките камери, новите производи мораат на пазарот, а секоја второ германско семејство поседува дигитална камера. Со тоа е постигната пазарна заситеност. Меѓутоа сите производители не можеа да профитираат од бумот од последниве години. Фирмите со традиција како Агфа шот, Коника Минолта, Јашица Кјочера се простија од пазарот на камери. Рајнер Шмит, претседател на германското здружение за фото индустрија:

„ Тоа беа повеќето марки кои беа силни во сегментот на аналогната фотографија и кои очигледно не успеаа така бргу да се трансформираат и да го изработат она што е неопходно. На „Фотокина„ можеме да видиме како традиционално познатите фирми одобласта производство на фотоапарати даваат тон и во дигиталната фотографија, низ неколку интересни новини„

За прв пат на Фотокина присутни се и фирми од Бангладеш, Индонезија, Малезија, Филипини, Сирија, Бразил и Летонија. Но исто така и американскиот производител на компјутери Епл, кој најчесто е присутен само на домашните саемски манифестации. Тоа зборува за нова конкуренција во една бранша која бргу се менува:

„ фото индустријата во последните години забележа голем пресврт и нов почеток. Кога ќе се погледне германскиот пазар се гледа дека најдобро време за индустријата на камери беа 90 тите години кога беа продадени 5 милиони аналогни апарати. Денес се продаваат 7 милиони дигитални фото апарати, но може и поинаку. Се фотографира и со дигитална камера, а фотографиите се изработуваат аналогно, на хартија, и тоа е пазар кој ветува голем пораст. Значи дека аналогната и дигиталната технологија може успешно да се дополнуваат„

Резултат: никогаш не било полесно да се произведе фотографија, да се обработи, меморира и за секунда да се испрати ширум светот. Оној кој сака да стекне широк преглед во напливот на нови производи и услуги во врска со фотографијата, наредните денови би требало да го посети Келн