1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Се купува ли мир со пари?

E.Saoub4 мај 2007

На конференцијата за Ирак што завршува денеска, разговорите треба да го донесат она што не успеа четиригодишното воено присуство на Американците во оваа земја: безбедност и мир. Делегациите и министрите од Групата 8, петте постојани членки на советот за безбедност, Европската унија и соседите на Ирак разговараат за натамошната помош за оваа оваа земја.

https://p.dw.com/p/AdrW
Франк Валтер Штајнмајер на конференцијата за Ирак во Шарм ел Шеик
Франк Валтер Штајнмајер на конференцијата за Ирак во Шарм ел ШеикФотографија: picture-alliance/ dpa

Станува збор за живот и преживување на еден цел народ чија ситуација од влегувањето на американските трупи постојано се влошуваше. Да се обезбеди преживување и да се штити животот воопшто не е лесна задача, рече генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун:

„Пактот за Ирак е почеток на петгодишна работна фаза. Ирачката влада ќе предложи своја програма за економски и политички реформи и за национално помирување. За возврат меѓународната заедница се согласи да го поддржува Ирак. Посебно ме радува што многу држави поднесоа конкретни понуди особено кога станува збор за долговите на земјата. Збор е за сума од преку 30 милијради долари„.

Домаќинот Египет предложи тримесечно примирје, што ирачката влада го одби. Согласноста со примирје би значела сунитиските бунтовници да се третираат како рамноправни, односно примирје со терористи. Меѓутоа, арапските сунитски држави како Саудиска Арабија и Египет остануват на тоа дека помирувањето меѓу сите етнички и религиозни групи е единствениот пат до мир. Египетскиот министер за надворешни работи Абдул Геит:

„Сите разговори се концентрирани врз тоа да се тргне напред. Меѓународната заедница од една и ирачката влада, како и сите ирачки фракции, од друга страна„.

Никогаш порано не се собраа толку земји на толку високо дипломатско ниво за да разговараат за судбината на Ирак. По тој повод германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер во својство на претседавач на Европската унија:

„Ова секако не е пробив. Не можеме да очекуваме работите да се подобрат поради една конференција, меѓутоа ваквата средба може да биде почеток на преговарачки процес„.

Посебно Американците правеа напори да разговараат со сите учесници. Портпаролот на министерството за надворешни работи Шон Меккормак:

„Секој овде има интерес за стабилен, напреден и безбеден Ирак. Ирачкиот народ подеднакво како и сите други во регионот. Стабилен Ирак може да биде столб за целиот Блиски исток и врз тоа работиме„.

Меѓутоа, за најважните прашања одговорите треба да се очекуваат дури по конференцијата: дали на ирачката влада ќе и успее да обезбеди повеќе безбедност во земјата и дали со поправедна распределба на приходите од нафтата и повеќе политичка соодговорност вистина може да дојде до помирување меѓу непријателски спротивставените етнички и религиозни групи? И дали во тоа можат да помогнат само парите?