Се заканува разочарувачки крај на конференцијата во Доха
7 декември 2012Особено спорно меѓу претставниците на 194 држави на конференцијата е како треба да изгледа продолжението на Протоколот од Кјото, кој истекува на крајот од годинава. Освен тоа, треба да се постигне договор за временски план за нов договор за климата, кој би требало да стапи во сила до 2015 година, како и за финансиската помош за земјите во развој. Германскиот министер за заштита на животната средина Петер Алтмајер жестокот ја критикуваше конференцијата во Доха, која завршува денеска. Ако не се преземат мерки наскоро, дел од учесниците ќе ги загубат домовите поради растот на нивото на морето, рече тој. Германскиот министер, освен тоа, ја стави под знак прашање смислата на големи конференции за климата. Организацијата на вакви конференции е тешка и обемна и не секогаш е во сооднос со она што на крајот се добива како резултат, рече Алтмајер за германската телевизија.