1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Се бараат долгорочни решенија за Либија

29 март 2011

На денешната (29.03) конференција во Лондон, претставниците на над 40 влади и меѓународни организации водат разговори околу иднината на Либија. Се бараат долгорочни политички решенија за ситуацијата во Либија.

https://p.dw.com/p/10jdg
Хилари Клинтон и Дејвид Камерон пред конференцијата во ЛондонФотографија: AP

Главна тема на конференцијата во Лондон, на која присуствуваат и генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун и првиот човек на НАТО, Андерс Фог Расмусен, како и претставници на Арапската лига и на Африканската унија, е како да се принуди Моамер ел Гадафи да ја предаде власта. Исто така, се разговара за можностите за обезбедување хуманитарна помош за областите во Источна Либија, контролирани од бунтовниците.

Повик до Гадафи да ја предаде власта

Außenminister William Hague bestätigt britischen Militäreinsatz in Lybien
Британскиот министер за надворешни работи Вилијам ХејгФотографија: dapd

Според британски владини информации, либиската опозиција не учествува на официјалниот дел од конференцијата во Лондон. Но, британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг, пред почетокот на конференцијата, се сретна со специјалниот пратеник на Националниот преоден совет Махмуд Џебрил. Претставниците на Советот, која ја застапува опозицијата против Гадафи и себеси се смета за преодна влада на Либија, нема да учествуваат во официјалниот дел од разговорите, изјави Хејг.

Хејг повторно го повика Гадафи да ја предаде власта. Британскиот министер за надворешни работи притоа истакна дека Велика Британија нема да учествува во барањето на можна земја за азил на Гадафи.

Политичка поддршка на демократските сили

Obama zu Libyen in Washington
Обама одржа говор за воената интервенција во ЛибијаФотографија: AP

Американскиот претседател Барак Обама, германската канцеларка Меркел, францускиот претседател Николас Саркози и британскиот премиер Дејвид Камерон синоќа (28.03) одржаа видео-конференција за иднината на Либија. Портпаролот на Меркел во Берлин изјави дека се зборувало за можностите за политичка поддршка на новонастанатите демократски сили во Либија.

Американскиот претседател Барак Обама смета дека либискиот властодржец Гадафи е многу ослабен. „Со нападите, западната воена алијанса под мандатот на ОН го запре смртоносниот марш на Гадафи против бунтовниците“, изјави синоќа Обама во говорот до нацијата, прв од почетокот на воената интервенција во Либија. Обама истовремено истакна дека улогата на американската армија во Либија останува ограничена и таму нема да бидат испраќани копнени трупи, како и дека ќе биде потребно долго време за политичка изолација на режимот на Гадафи.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема