1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сеќавање на жртвите на Берлинскиот ѕид

АТ/ дпа/епд13 август 2013

Пред 52 години на 13. август започна изградбата на Берлинскиот ѕид. Повеќе од 130 луѓе го загубија животот во обидот да ја минат поранешната внатрешно германската граница.

https://p.dw.com/p/19ORO
Фотографија: ullstein bild - Georgi(L)

Во Берлин и други германски градови денеска се одбележува 52. годишнина од изградбата на Берлинскиот ѕид со голем број манифестации. Централаната манифестација се оддржува пред споменикот на Бернауер штрасе. Таму државниот сектратар за култура Бернд Нојман и градоначалникот на германскиот главен град Клаус Воверајт се очекува да се навратат на повеќедецениската германска поделба и да им оддадат почит на жртвите на Ѕидот.

Германската канцеларка Ангела Меркел на оваа тема ќе зборува со младите во една гимназија во Берлин.

На 13. август 1961 година владата на поранешната ГДР започна да го подига ѕидот околу западните сектори на Берлин. Повеќе од 130 луѓе загинаа обидувајќи се да ја минат поранешната внатрешно германска граница.