1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

310809 2. Weltkrieg Beginn

1 септември 2009

На денот на германскиот напад на Полска, 1 септември 1939 година, никој не знаеше дека со него Адолф Хитлер ја започнува најбруталната војна во историјата на човештвото. Жртви беа милиони луѓе.

https://p.dw.com/p/JMSz
Почеток на невидено варварствоФотографија: picture-alliance / akg

На 1 септември 1939 година германскиот брод „Шлесвиг Холштајн“ нападна полски позиции на полуостровот Вестерплате пред полскиот град Гдањск. Кратко потоа 1.5 милион германски војници ја преминуваат границата со Полска.

„Одненадеж се појавија германски „штуки“: бомбардираа, стрелаа со митралези, испоубија и заминаа“, се потсетува некогашниот полски министер за надворешни работи Владислав Бартошевски. Петок, 1 септември 1939 години, околу 4.30 часот. Германски авиони-ловци познати како „штуки“ го напаѓаат малиот полски Вилун. Не претходеше никаква објава на војна. Во малото место никој не очекува напад. Вилин е место без војска, без стратешко значење. Многу брзо центарот на градот лежи во пепел.

Во 4.45 часот германскиот воен брод „Шлесвиг Холштајн“ го напаѓа и полскиот магацин за оружје пред Гдањск. Нападот на Полска, или „септемвриската кампања“, како што ја нарекуваат Пољаците, е во полн ек.

„Ноќва полски војници првпат нападнаа наша територија. Од 5.45 часот возвраќаме на нападите. Отсега на секоја бомба ќе биде возвратено со бомба.“

Лагата на Хитлер стана причина за војната. Всушност, се работеше за припадници на злогласните германски СС-единици, кои во полски униформи нападнаа локална радио-станица во Гливице и на тој начин ја инсценираа наводната причина за војната.

Целта на Хитлер наскоро стана јасна

Polen Deutschland Geschichte Jahrestag Überfall auf Polen Danzig Postamt
Целта на Хитлер беше проширување на германскиот РајхФотографија: ullstein bild

Еден и пол милиони германски војници ја преминаа полската граница. Соседот беше апсолутно поразен, а хитлеровата пропагандна машинерија ги наведуваше наводните причини за ваквиот потег:

„Тоа беше насилничка држава, во која владееја пендрекот, полицијата и не помалку војската. Судбината на Германците во оваа земја беше застрашувачка.“

Меѓутоа, единствено што го интересира Хитлер е проширувањето на германскиот рајх. Пактот меѓу Хитлер и Сталин, потпишан една недела пред нападот на Полска, му ги отвори шансите на фирерот да ја окупира соседната држава. Пактот предвидуваше Полска да се нападне и да се подели меѓу Германија и Советскиот сојуз.

„Ако Европа толку опстојува на мирот и слободата, тогаш европските држави треба да бидат среќни што Русија и Германија се подготвени од оваа проблематична држава да направат земја што мирно ќе се развива“, говореше Хитлер, но наскоро станува јасно: тој не ја сака само полската територија, туку сака и целосно уништување на полскиот народ. По бомбите следуваа целни егзекуции на писатели, професори, доктори, правници, учители и масовни убиства на Евреите.

Почна петгодишно мачеништво за Полска

Zweiter Weltkrieg Adolf Hitler in Polen
Диктатурата на Хитлер ја стигна и ПолскаФотографија: picture-alliance / dpa

Полската војска едвај да можеше да се брани - Германците се посилни и по број на луѓе, и по вооружување. Судбината на Полска наскоро е запечатена, делумно и поради тоа што Франција и Велика Британија не си останаа на зборот. Наместо да ја нападнат Германија од запад, како што беше претходно договорено, Британците ја подобруваа сопствената воздушната одбрана, а Французите се стационираа на границата со Германија. Тие и` објавија војна на Германија дури два дена по нејзиниот напад на Полска, односно на 3 септември 1939 година.

По 36 дена завршува битката за Полска. Советите и Германците ја слават заедничката победа и си ја делат земјата меѓусебе. Дипломатот Ханс фон Херварт се сеќава на овие моменти:

„Тогаш вистински наздравивме и се напивме во чест на германско-советското вооружено братство и рековме: да се надеваме дека наскоро ќе ги победиме и Англичаните и Французите.“

За Полска почнува петгодишно мачеништво со пет милиони жртви, меѓу нив три милиони полски евреи. За Хитлер, пак, завршува една битика, но големата војна туку што почнува.

„Не се двоумам ниту секунда дека Германија ќе победи“, велеше тогаш Хитлер.

Автор: Бенјамин Вист / Трајче Тосев

Реадактор: Жана Ацеска