Сеуште се трага по сторителите
13 јули 2006Антитерористичките сили се во интензивна потрага по сторителите на нападите на железничката мрежа. Се тресат хотелите и домовите на сите осомничени дека имаат каква било поврзаност. Полицијата засега соопшти дека начинот на кој биле изведени нападите е картактеристичен за милитантната група Лашкар е Таиба. Засега никој не е уапсен, но списокот осомничени се проширува
Индискиот премиер Манмохан Синг во обраќањето пред нацијата го нагласи единството на граѓаните во земјата:
„Ова не е прв пат странски непријатели да се обидат да ја разорат нашата слобода и благосостојба. Овие елементи сеуште не разбираат дека ние индијците можеме и дека ќе стоиме обединети. Дозволете да ве уверам дека владата ќе направи се што е потребно. Ние ќе победиме во оваа војна против теророт. Ништо нема да ја скрши нашата одлука„
Во меѓувреме Мумбај полека се враќа во нормален живот. Железничкиот сообраќај речиси целосно функционира, училиштата и фирмите се отворени;
„Животот треба да продолжи, што да правиме, но се надевам дека владата ќе преземе акција во име на настраданите. Нешто мора да се преземе„ вели еден жител на Мумбај