1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сеул незаинтересиран за помирување со Пјонгјанг

Петер Кујат/Борис Георгиевски14 јули 2012

Секој чекор на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун се следи со големо внимание, во очекување дека тој можеби ќе ја промени политиката кон Јужна Кореја. Но, колку е Јужна Кореја заинтересирана за такво приближување?

https://p.dw.com/p/15XLj
Фотографија: dapd

„Едно Ура за големиот водач Ким Ил Сунг! За големиот генерал Ким Јонг Ил! Едно Ура за драгиот другар Ким Јонг Ун!“

Вакви извици се очекувани од севернокорејците, кои по децениската пропаганда во нивните политички водачи гледаат речиси светци. Но, овојпат овие извици дојдоа од еден јужнокореец, и тоа ја прави целата ситуација комплицирана.

Прекин на политиката на добрососедство

Откако, пред нешто повеќе од една недела, Ро Су Хуј ја премина нелегално линијата на демаркација која ги одвојува двете Кореи од крајот на војната во 1953 година, веднаш беше уапсен од полицијата во Јужна Кореја. Причината: без дозвола од властите во Сеул ја минал границата кон Северна Кореја, а тоа во младата демократија се смета за сериозен прекршок.

„Ро Су Хуј е неприфатлив за нашата држава. Тој го негира постоењето на Република Кореја и ги поддржува ставовите на Северна Кореја. Затоа ние денеска демонстрираме, и бараме тој да биде вратен во Северна Кореја“, вели еден демонстрант.

Есента 2007 година беше организиран самит меѓу Северна и Јужна Кореја. Тогашниот претседател на Југот, Ро Мо Хјун отпатува со владина делегација со автомобил во Пјонгјанг. Патувањето се сметаше за круна на неговата политика на отворање кон Северна Кореја, со која, меѓудругото, се предвидуваше засилување на меѓусебната економска соработка. Но новиот претседател Ли Мјунг Бак веќе следната година ја прекина политиката на добрососедство инсистирајќи Северна Кореја најпрво да и стави крај на својата нуклеарна програма.

Südkorea Nordkorea Ro Su-hui
Апсењето на Ро Су ХујФотографија: Reuters

Казни за поддржувачите на Северна Кореја

Јужнокорејското законодавство од 1948 година предвидува остри казни за севернокорејска или комунистичка пропаганда во земјата. Во 2007. година на оваа основа беа уапсени и гонети 39 лица, а веќе во 2010. тој број се искачи на повеќе од 150. Само во последнава година јужнокорејската полиција избриша повеќе од 68 илјади интернет постови кои наводно ја загрозувале националната безбедност.

За минатогодишниот погреб на севернокорејскиот диктатор Ким Јонг Ил во Пјонгјанг беше дозволено да отпатува само мала јужнокорејска делегација. Еден активист кој самостојно отпатува за Пјонгјанг по неговото враќање беше уапсен, исто како и Ро Су Хуј.

Grenzsoldaten Nord- und Südkorea
Границата меѓу Северна и Јужна КорејаФотографија: picture alliance/dpa

Ро признава дека нелегално и тајно ја посетил Северна Кореја, вели портпарол на јужнокорејската полиција, но притоа негира дека на било кој начин го прекршил законот за националната безбедност. Северна Кореја веќе предупреди дека е против казнување на Ро Су Хуј.

Во истовреме од другата страна на границата доаѓаат речиси неверојатни вести. Младиот диктатор Ким Јонг Ун пред извесно време бил домаќин на претстава со ликови на Дизни која на крајот ја поздравил со овации. Јужнорејските медиуми јавуваат и за први јасни знаци дека новиот лидер работи на отворање на севернокорејската економија. Ким Јонг Ун, наводно, наредил подобрување на економската состојба на неговите сонародници, а на своите претпоставени им наредил да соберат што е можно повеќе информации за забрзан стопански развој во странство.