Серија напади во Ирак
31 декември 2012Најтешкиот напад се случи во Мусаџаб, јужно од Багдад, каде седум членови на едно семејство загинаа при експлозија на бомба во близина на нивната куќа.
Во напад врз конвојот на гувернерот на провинцијата Бабил, во градот Хила, кој е населен претежно со шиити, загина едно лице. Гувернерот мина без повреди.
Други три лица го загубија животот во регионите околу кои спорат автономните Курди и централната влада во Багдад.
Нападите во Ирак поттикнуваат страв од нов бран етничко или верски мотивирано насилство. Иако насилството во споредба со 2006 и 2007 година, кога го достигна својот врв, сега е значително намалено, нападите врз властите и верските малцинства продолжуваат. На средината од декември се одбележа годишнината од повлекувањето на последните американски војници од Ирак.