Серија крвави бомбашки напади во Багдад
21 јули 2013Бран од атентати во ирачката провинција Багдад ноќеска го однесе животот на најмалку 65 лица. Во нападите се повредени најмалку 200 лица.
Серијата од повеќе атентати со автомобили бомби и експлозивни направи поставени крај патот го потресоа и главниот град Багдад во текот на ноќта, притоа загинаа најмалку 30 лица. Автомобилите бомби се активирани главно во шиитските квартови. Улиците и плоштадите во тоа време беа преполни со луѓе кои во тој период го прекинуваат дневниот пост во текот на Рамазан. Досега никој не ја презеде одговорноста за очигледно координираната акција.
Ова е најкрвав координиран напад во Ирак од почетокот на јули, во кој билансот на жртвите веќе изнесува 500 загинати.
Според експертите за новиот бран насилство во оваа година е виновно незадоволството на сунитското малцинство во однос на претежно шиитската влада на премиерот Нури ал Малики. Со тоа расте стравувањето од враќање на состојбата од 2006 и 2007 година, кога милитантните припадници на двата исламски верски правци се пресметуваа меѓусебно без обзири кон цивилното население. Тензиите се зголемени и поради граѓанската војна со воседна Сирија. Таму синитите и шиитите од Ирак се борат на различни страни.