1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Серија инциденти во атомската централа Фукушима

АТ/ ртр/ афп7 април 2013

Од хаварисаната атомска централа во Фукушима најверојатно повторно продре загадена вода во земјата. Експертите сметаат дека за целосна санација се потребни децении.

https://p.dw.com/p/18BEt
Фотографија: Japan Pool/AFP/Getty Images

Инцидентите со радиоактивен материјал во јапонската атомска централа во Фукушима не престануват: Денеска беше обелоденето дека уште една цистерна со радиоактивна вода била пропустлива. Фирмата управител „Токио Електрик Пауер“ (Тепко) соопшти дека во пробите на водата вон цистерните била измерена радијација. Оттука се стравува дека од цистерната истекле мали количини вода, иако во самата цистерна не било регистрирано намалување на нивото на водата.

Вчера (06.04.13) претпријатието соопшти дека од една друга од седумте подземни цистерни најверојатно истекле 120.000 литри радиоактивна вода за ладење. Причините се’ уште не се познати. Наредните две недели останатите 13 милиони литри вода треба да бидат впумпани во други цистерни. Цистерните се на околу 800 метри од брегот, поради што „Тепко“ не смета дека е веројатно дека загадена вода стигнала до морето.

Fukushima Reaktor Trümmer 2013 Wassertank
ФукушимаФотографија: picture-alliance/dpa

Санацијата ќе трае со децении

Изминатите недели зачестија инцидентите во атомската централа Фукушима која беше хаварисана по земјотресот и цунамито во март 2011 година. Изминатиот петок три часа не работеше системот за ладење на согорните атомски прачки. Откако беше проверен, системот повторно беше активиран. „Тепко“ претпоставува дека причината се технички работи. Во март четири резервоари за ладење не работеа 30 часа, откако стаорец предизвикал краток спој во постројката за управување.

Катастрофата од Фукушима пред две години беше најтешката атомска несреќа по несреќата од Чернобил во 1986 година. Ситуацијата во атомската централа на североистокот на Јапонија од декември 2011 се смета за стабилна, сепак централата е високоризична пособено во случај на нов земјотрес или цунами. Голем број провизорни технички средства во централа, со кои треба да се гарантира безбедноста се смета дека се подложни на дефекти. Експерти сметаат дека санацијата на атомската централа може да трае уште децении.