Сенатот даде зелено светло за Џон Кери
30 јануари 2013Реклама
Горниот дом на американскиот Конгрес со 94 гласови „за“ наспроти 3 „против“ го прифати предлогот на претседателот на САД, Барак Обама, 69-годишниот Џон Кери да биде нов државен секретар. Сенаторот од Масачусетс ќе ја замени на оваа функција Хилари Клинтон, која по четири години си заминува од позицијата.
Кери доби широка поддршка и од неговите сопартијци од Демократската партија, но и од републиканците во Сенатот. Претходно неговата номинација беше одобрена од сенатската Комисија за надворешни работи. Кери на функцијата сенатор е цели 28 години и важи за познавач на надворешната политика, со што ужива углед и кај опозициските републиканци.