1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сенатот го условува Буш

28 март 2007
https://p.dw.com/p/AgJl

Американскиот Сенат со тесно мнозинство го усвои предлог законот за финансирање на војната во Авганистан и Ирак со услов борбените трупи да се повлечат до 31 март 2008 година. Со ова повторно му се спротивставија на политиката на американскиот претседател Џорџ Буш. Се одобруваат 121.6 милијарди долари. Конечното гласање се очекува кон крајот на неделава. Но, Буш најави дека ќе стави вето на било кој закон кој наметнува датум за повлекување на трупите од Ирак.