1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сенатот го отфрли нацрт законот за повлекување од Ирак

17 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/CIJk

Американскиот Сенат го отфрли нацрт законот за повлекување од Ирак. Републиканците го блокираа предлогот поднесен од демократите за одобрување на 50 милијарди долари дополнителни средства за воената операција во Ирак бидејќи во него е содржан и план за повлекување на американските војници од блискоисточните земји до 15 декември следната година. За нацрт законот кој беше усвоен во Претставничкиот дом на Конгресот гласаа 53 сенатори, а против се изјаснија 45. За усвојување беа потребни 60 гласа.