1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Секој чекор кон ескалација би бил непродуктивен

30 септември 2009

Иран продолжува со провокации. Како да се постапи воочи преговорите меѓу светските сили и Иран, што деновиве ќе се одржат во Женева? Реакцијата треба да биде промислена, натамошна ескалација е контрапродуктивна.

https://p.dw.com/p/Jtf1
Фотографија: AP/ DW-Montage

Меѓународната заедница е вознемирена од признанието дека Иран има втора постројка за збогатување ураниум, како и од најновите тестови на ракета со дострел и до 2000 километри, која може да погоди израелски градови и американски бази во регионот. Но како да се постапи воочи преговорите меѓу светските сили и Иран, први по цели 14 месеци, што деновиве ќе се одржат во Женева?

Ракетните тестови беа најавени и не мора да значи дека се непoсредно поврзани со атомската постројка. Но сепак во меѓународната заедница може да се почуствува голема загриженост.

Иран со двојна стратегија

Двојнатата стратегија на Иран - кон надвор да се прикажува подготен за преговори, а од друга страна да продолжува да ја развива својата атомска програма и натамошно да се вооружува со проектили, има систем според мотото: само оној, кој мора сериозно да не’ сфати и како воена сила, ќе биде подготвен на концесии за време на преговорите. Иран сака неговата атомска програма, која наводно треба да служи исклучиво за цивилни цели, да добие меѓународно-правна потврда.

Паралелно Техерен така се вооружува, што во случај на напад врз неговите атомски постројки, би можел да одговори со одмазднички напади врз Израел и американските бази. Според руски разузнувачки информации, Иран во моментов засилено работи врз создавање проектил со дострел од 5000 километри. Со тоа во нишанот на имамите би биле и цели во Европа.

Меѓутоа, каков однос да се заземе кон ваквото засилено вооружување на Иран, а тоа да не биде закана со напад?

Обама е во недоумица

Raketentest im Iran
Фотографија: AP

На американскиот претседател Обама му е позната оваа дилема. Без договорен фронт меѓу постојаните земји- членки на Советот за безбедност на ОН, санкциите против Иран не можат да се спроведат. Без дипломатски притисок, меѓутоа, Техеран и натаму ќе продолжи да провоцира и неговата атомска програма ќе ја развива, повеќе или помалку тајно. Тука е потребна дипломатска сензибилност, пред се’ кога станува збор за тоа Русија и Кина да бидат привлечени кон една заедничка стратегија.

Со откажувањето од планираниот анти-ракетен штит во средна Европа, Обама им излезе во пресрет на Русите. Тие би можеле за возврат да покажат разбирање за американскиот став во случајот со Иран. Кина, напротив, во моментов го заобиколува веќе постоечкиот режим на санкции кон Иран со бројни испораки на бензин, токму онаму каде што државата е ранлива поради недоволниот број рафинерии за нафта.

Меѓународната заедница сега треба присебно да реагира и да се одржи притисокот со санкции врз Иран. Секој чекор кон натамошна ескалација во актуелниов момент би бил целосно контрапрудуктивен.

Kоментар: Даниел Шешкевиц

Превод: Симе Недевески

Редактор: Александра Трајковска