Секој трет пилот заспал за време на летот!?
18 ноември 2012Секој трет пилот во Европа барем еднаш за момент заспал во пилотската кабина поради премор. Четворица од петммина германски водачи на летот велат дека поради премор направиле грешка. Ова произлегува од анкетата на европското Здружение на пилотите „Кокпит“ направена со 6 илјади испитаници, а објавена денеска во весникот „Билд ам зонтаг“. Портпарол на „Кокпит“ ги потврди резултаите:
„Од мое лично искуство, резултатите ги сметам исто така за реални“, изјави пилотот.
Според „Кокпит“, пилотите поради тоа бараат промена на сегашните правила за регулирање на работноот време, а се и против најавените промени од страна на Европската служба за безбедност во воздушниот сообраќај, ЕАСА.
„Во основа, работното време е предолго“, изајви портпаролот на организацијата, Јерг Хандверг. Пилотите сметаат дека се можни ангажирања од максимално 12 работни часа, додека дозволени се до 14 часа. На критика на пилотите наидува и предлогот на работна група на ЕАСА, според кој пилотите ноже можат да бидат ангажирани единаесет часа, иако лекарите препорачуваат максимално десет часа, зашто во спротивно, се заканува опасност од премор.