Седница на македонскиот Национален совет за безбедност
31 октомври 2007Реклама
Националниот Совет за безбедност на Македонија одржува седница на која се разгледува политичко безбедносната ситуација во земјата и во регионот во контекст на преговорите за одредување на идниот статус на Косово. Седницата на покана на претседателот Бранко Црвенковски е во Министерството за одбрана. На неа присуствуваат и премиерот Груевски, претседателот на Собранието Георгиевски, и министрите за одбрана, внатрешни и надворешни работи како и тројца политичари именувани од претседателот на државата. Повод е последниот вооружен напад врз полициската патрола кај Танушевци во кој загина еден, а беа повередни двајца полицајци.