1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сега и Французинка го тужи Строс Кан за сексуален напад

4 јули 2011

Француската писателка Тристан Бањон утре (05.07.2011) ќе поднесе тужба против поранешниот шеф на Меѓународниот монетарен фонд, Доминк Строс-Кан за обид за силување во 2002 година, соопшти денеска нејзиниот адвокат.

https://p.dw.com/p/11ong
Доминик Строс КанФотографија: dapd

Давид Коуби, адвокатот на Бањон изјави дека тужбата ќе се однесува на инцидентот што се случил кога писателката отишла на интервју со Доминик Строс-Кан во неговиот апартман во Париз. Таа тогаш имала 22 години и веќе има јавно говорено за инцидентот на телевизија во 2007 година, но досега немала поднесено тужба против Строс-Кан.

„Тристан Бањон во вторник ќе поднесе тужба за обидот за силување во Париз во 2002 година“, изјави Коуби.

Anhörung des Ex-IWF-Chefs Strauss-Kahn in New York
Сослушување на Строс-Кан во судот во ЊујоркФотографија: dapd

Најавата доаѓа во време кога драматично се зголеми веројатноста дека Строс-Кан ќе биде ослободен од обвинувањата за сексуален напад врз една хотелска собарка во Њујорк. Тој, имено, беше ослободен од домашниот притвор во Њујорк.

Њујоршкото обвинителство изнесе сериозни сомнежи во кредибилитетот на
хотелската собарка. Обвинителството меѓутоа, не ја прекина истрагата, наведувајќи дека „ова досие сe‘ уште не е затворено“. Судот го задржа пасошот на Строс-Кан, кој сега може да го напушти Њујорк, но не и САД. Поради овој инцидент и апсењето во Њујорк, Доминик Строс-Кан беше принуден да поднесе оставка од местото прв човек на ММФ.

Автор:СН/ЕМФ/афп/ртр

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска