1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Северна Кореја – преговори

20 јули 2007

*

https://p.dw.com/p/BK72

Преговарачите на шестпартитните преговори околу севернокорејската атомска програма не успеаја да постигнат договор околу временскиот план за конечно нукеларно разоружување на земјата. Американскиот преговарач, Кристофер Хил, во Пекинг соопшти дека до крајот на август работни групи ќе подготват опции за натамошното дејствување. Нова рунда преговори треба да се одржи во септември. Северна Кореја, како прв важен чекор, пред неколку дена соопшти дека ќе ја затвори атомската централа во Јонгбјон, како што беше договорено на преговорите со САД, Русија, Кина, Јапонија и Јужна Кореја во февруари годинава.