1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Северна Кореја побара од САД да откажат воени маневри

СН/ЕМФ/ртр/афп23 февруари 2013

Воените вежби на САД и Јужна Кореја, планирани за март, се доказ за непријателството кон Северна Кореја, порача Пјонгјанг. САД вршат притисок за заострување на санкциите против Северна Кореја.

https://p.dw.com/p/17kYA
Фотографија: AP

Северна Кореја го повика Соединетите Американски Држави да ги откажат воените маневри кои заедно со Јужна Кореја треба да ги одржат во март. Вежбите се доказ за непријателството на САД кон раководството во Пјонгјанг. Ваквото непријателство ја принуди Северна Кореја да го изврши атомскиот тест на 12 февруари, соопштија државните медиуми во Пјонгјанг.

Третиот атомски тест извршен од страна на Северна Кореја предизвика загриженост и критики ширум светот. САД вршат притисок во рамките на Советот за безбедност на ОН за заострување на санкциите против комунистичкиот режим во Северна Кореја. Американскиот претседател Барак Обама и јапонскиот премиер Шинзо Абе на синоќешната средба во Вашингтон ја потврдија меѓусебната поддршка во спорот со Северна Кореја. „Не можат да бидат толерирани ни ракетни ниту атомски тестови на Пјонгјанг“, порача Абе по разговорите со Обама. Американскиот претседател пак нагласи дека со оглед на провокациите од страна на Пјонгјанг двете земји се решителни во намерата за зајакнат сојуз меѓу двете држави.

Постигнавме целосна согласност за сојузот и неговата насока во иднина, изјави Абе .Тој наведе дека јапонско-американскиот сојуз е стабилизирачки фактор во регионот.